И ИЗРАЕЛ Е НА „ОПАСНАТА“ ЛИСТА?! - Американскиот центар за контрола на болести ги предупреди нивните граѓани за неколку земји
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги предупредија Американците да не патуваат во Израел, Франција, Тајланд, Исланд и неколку други земји поради зголемениот број случаи на „Ковид-19“ во тие земји, пишува Блиц.рс.
ЦДЦ ги додаде на највисоко ниво на опасност „Ниво 4: Многу високо ниво“ меѓу другите Израел, териториите под палестинска управа, Аруба и Француска Полинезија.
Инаку, Израел е држава која прва вакцинираше најголем дел од своето возрасно население, и успеа значително да го намали бројот на нови случаи, но сега тој број повторно е во пораст.
Американскиот Стејт департмент издаде и паралелна листа „Ниво 4: Не патувај“, која советува да се избегне патување во Исланд и Франција.
ЦДЦ ги стави Австрија, Хрватска, Ел Салвадор, Азербејџан, Гуам, Кенија и Јамајка на листата „Ниво 3 на високо ниво“.
Извор: Блиц.рс
