И Инстаграм влезе во светот на рекламите
Инстаграм, популарната мрежа за споделување фотографии, која е во споственост на Фејсбук, од овој викенд започна да прикажува и реклами. Принципот на кој што компаниите ќе може да ги рекламираат своите производи и услуги преку оваа социјална мрежа се темели врз можноста за поставување спонзорирани фотографии, но се очекува оваа платформа дополнително да ги унапреди своите маркетинг можности.
Првата реклама прикажана на сервисот беше спонзорирана фотографија на женскиот часовник на Мајкл Корс со натпис „Размазен во Париз“. Фотографијата инстантно собра многу лајкови, но има и некои негативни коментари од огорчените корисници на платформата.
Ко-основачот на оваа мрежа, Кевин Систром, неодамна го објасни овој потег на Инстаграм дека компанијата мора да пронајде соодветен начин „да ја финансира својата иднина“.
За потсетување, Фејсбук го купи Инстаграм минатата година за милијарда долари.
Слично
