И Франција крева ограда поради мигрантите
Mерки против шверцерите на луѓе во Средоземното Море ќе се разговараат денеска со министрите за одбрана на земјите од Унијата. Бројот на бегалците, што достигнаа во Европа, е зголемен 6 пати од јуни месецов, соопшти еврокомесарот Јоханес Хаан.
Само за вчерашниот ден во близина на брегот на Либија италијанските власти се спасиле 3000 мигранти.
Приливот не запира и околу влезот на тунелот под Ла Манш. Француските државни железници најавија дека ќе подигнат 13-километарска ограда крај железничката станица во Кале поради мигрантите.
Причината е дека веќе неколку пати барателите на азил ги блокираат шините и го застануваат движењето на возовите. Тие се насочуваат кон новите станици на Кале-Фретон, која се наоѓа на околу 5 километри од морето, токму надвор од контролираната зона на „Евротунел“.
