И „Financial Times“ ја прогласи Меркел за личност на годината
Откако беше одредена од магазинот „Time“ за личност на годината, германската канцеларка Ангела Меркел доби уште едно вакво признание, овој пат од престижниот британски весник „Financial Times“.
Изданието исто така ја избра за личност на 2015-та, со аргументи за силната позиција на канцеларката во однос на прифатените имигранти од Европа.
„Financial Times“ забележува дека Меркел ветила дека ќе ги прифати бегалците од Блискиот Исток, а не кренала огради, за да го блокира нивниот пат, како што побараа нејзините конзервативни сојузници.
Тоа предизвика незадоволство во редовите на Христијанската унија, чии лидер е токму Меркел, а тоа може да ја уништи нејзината политичка кариера.
„Во рок од неколку недели Ангела Меркел се трансформира во очите на светот и пред своите сонародници. Исчезна претпазливата канцеларка од минатото и се појави пред сите политичари со решителни убедувања“, наведува финансиското издание.
Според изданието, тоа ќе го зајакне угледот на германската канцеларка: „Со отворањето на патот кон Европа за повеќе од еден милион бегалци, главно муслимани, Ангела Меркел може да остави зад себе долгорочно наследство како нивниот ментор - поранешниот канцелар Хелмут Кол, кој раководел за време на обединувањето на Германија и раѓањето на еврото“.
