Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ФИЛМОВИ И ОПЕРИ, КОМПАНИИ, ЛИЧНИ ПРИЈАТЕЛИ НА ПУТИН: Сите санкции кон Русија

И ФИЛМОВИ И ОПЕРИ, КОМПАНИИ, ЛИЧНИ ПРИЈАТЕЛИ НА ПУТИН: Сите санкции кон Русија

Седми ден се војува во Украина, а светот исто толку денови воведува различни видови санкции кон Русија. Економски ограничувања за финансиските институции, лични санкции, затворања сметки предизвикаа пад на рубљата и загуби кај руските компании. Објавени се и други видови санкции, а еве дел од нив. Ги пренесува Украинската амбасада во Скопје.

Светските пристаништа се затвораат за Русија - Канада ќе забрани влез на руски бродови во нивните пристаништа и територијалните води на земјата. Истата конечна одлука ја одобри и Обединетото Кралство.

Северен тек 2 е затворен и прогласен е банкрот поради дејството на санкциите.

Небото продолжува да се затвора за Русија - откако то аго сторија повеќе европски земји од вчера таков потег направија и САД и Црна Гора.

Велика Британија објави воведување санкции против Белорусија за поддршка на инвазијата на Украина.

Европратениците едногласно ја поддржаа резолуцијата со која се осудува воената операција на Русија и повикува на строги санкции против Русија.

Воведени се и изолациони мерки, а светскиот бизнис ги прекинува сите врски со руските компании.

Ирските лизинг компании AerCap, SMBC Aviation Capital, Avalon одлучија да ги раскинат договорите со руските авиокомпании.

Компаниите Paramount, Disney, Sony Pictures и Warner Bros го прекинуваат покажувањето на нивните филмови во Русија.

Канскиот филмски фестивал одлучи оваа година да не ја прими официјалната делегација на Русија.

Компанијата Apple престана да ја продава својата опрема во официјалната онлајн продавница во Русија.

Компанијата Nike повеќе не ги доставува своите производи во Русија.

Компанијата BMW го прекинува производството на автомобили во Калининград и престанува да снабдува автомобили на рускиот пазар.

Од другите мерки има и такви кои санкционираат луѓе блиски со Путин.

Постојаниот претставник на Руската Федерација во Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации е сменет од функцијата потпретседател на Извршниот одбор на Светската програма за храна

Минхенската опера го раскина договорот со Валериј Гергиев, кој беше главен диригент, поради неговото пријателство со Путин.
Во меѓувреме во Украина стасува хуманитарна помош.
Канада објави дека дава 100 милиони долари хуманитарна помош за Украина.
Франција мобилизира 100 милиони евра финансиска помош за да им помогне на луѓето погодени од конфликтот
Финска издвојува 8,2 милиони евра за хуманитарни активности на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Украина.
Латвија издвојува 1,2 милиони евра за потребите на украинското граѓанско општество, вклучително и медиумите.

Слично

Поврзани вести