Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Facebook стана жртва на хакерски напад

И Facebook стана жртва на хакерски напад
Само две недели откако Twitter објави дека e страницата е нападната од хакери, Facebook, исто така објави дека социјалната мрежа минатиот месец имала комплексен хакерски напад, објави CNBC. Како што пренесуваат американските медиуми, во тек е истрага. Според соопштението од Facebook  "компанијата е во постојана и тесна соработка со внатрешни инженерски тимови, со екипи на други компании, за спроведување на законот, со цел да откријат што повеќе информации за хакерскиот напад, како и како да се спречат слични инциденти во иднина ". Од компанијата смируваат дека нема последици од нападот и нема протекување на лични податоци. Но и покрај тоа повторно се покрена прашањето за безбедноста на информациите што луѓето споделуваат онлајн.
Слично

Поврзани вести