И директорите на ИКЕА во скандал со шпионирање
Француското обвинителство отвори официјална истрага против директорот на шведската компанија “Икеа” во Франција под обвинение дека ги шпионирал вработените и клиентите.
Извршниот директор Стефан Вановербек и неговиот претходник Жан-Луј Баија и главниот финансиски директор Даријуш Рихерт се уапсени пред два дена под сомнение дека се обидувале да добијат информации за вработените и клиентите од полициските датотеки.
Слични обвиненија се преземени против двајца полицајци. Шефовите на “Икеа” се соочуваат со обвиненија за “учество во прибирањето на лични податоци” и “учество во прекршување на професионалната тајна.”
Слично
