И Дејвид Камерон „исплива“ од досиејата на „Панама Пејперс“
И премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон исплива од Досиејата Панама.
Цели три дена по објавувањето на откритијата од „Panama Papers“ и по четири направени парцијални изјави на премиерот, во кои тој негираше досега дека имал офшор фондови, Камерон изјави дека всушност поседувал акции од оф-шор компанија, кои ги продал за 31 000 фунти, пред да ја преземе функцијата премиер во 2010 година.
Премиерот на Велика Британија си призна дека со неговата сопруга поседувале акции од оф-шор комапнија на неговиот татко - „Blairmore Investment Trust“соопштува интернет изданието „euractiv.com“.
„Немам што да кријам. Се гордеам со својот татко и со она што е постигнато со фирмата која ја создал и со сè друго“-Дејвид Камерон
Вчера британскиот премиер коментираше пред телевизискиот канал „ITV“ дека ги продал своите акции во 2010 година четири месеци, пред да стане премиер на Велика Британија.
Камерон наведува дека платил данок на добивка од продажба на својот удел, со кој се здобил во 1997 година.
„Немам што да кријам. Се гордеам со својот татко и со она што е постигнато со фирмата која ја создал и со сè друго. Не можам да поднесам неговото име да биде оцрнувано. Имам две куќи, од кои едната ја изнајмувам, и ја имам платата на премиер. Немам акции, немам инвестиции, имам било какви заштеди“, изјави британскиот премиер.
„Blairmore Holdings“ е регистрирана на Бахамите во 1981 година, за да се избегне плаќање на даноци во Велика Британија.
Офшор фондовите не се нелегални во Велика Британија, но откритијата се прилично вознемирувачки за премиерот на земјата, кој до неодамна ги дефинираше сложените шеми за избегнување плаќање даноци за „морално грешни“.
Досиејата Панама, кои беа објавени пред неколку дена, откриваат како политичари, бизнисмени, спортисти и други физички лица избегале од плаќање даноци преку офшор компании.
Од досиејата испливаа и имињата на претседателот на Русија Владимир Путин, на Кина Си Дзинпин, како и на Аргентина Маурицио Макри. Макри објасни дека не направил „злонамерен пропуст“ во имотните декларации, но сојузниот обвинител Федерико Делгадо побара наредба со која националната даночна служба на Аргентина, заедно со антикорупцискиот орган, ќе можат да проверат дали претседателот на земјата не извезувал финансиски криминал во овие сметки.
Макри фигурира во бордот на директори на две офшор компании - една на Бахамите и една во Панама. Тоа сепак не е внесено во ниту една негова изјава уште откако бил градоначалник на Буенос Аирес.
Скандалот одекна и во Колумбија. Излезе дека водечките преговарачи со левичарските герилци Умберто де ла Каие и Френк Перл исто поседувале офшор компании.
Иако не се нелегални, префрланите финансиски трансакции може да се користат за да се сокријат средства од даночните власти, за перење пари од кривични дела и за прикривање на злоупотреби и политичко непријатно богатство, пишува весникот.
Протечените документи ја принудија Панама да почне борба за репутација. Потпретседателот и министер за надворешни работи Изабел де сан Мало коментира пред „AFP“ дека земјата ќе започне дијалог на техничко ниво со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која ја предводи борбата против даночните засолништа, за споделување на даночна информации.
