Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Давутоглу ги предупреди САД и Русија да не ги поддржат сириските Курди

И Давутоглу ги предупреди САД и Русија да не ги поддржат сириските Курди

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги предупреди САД и Русија против „неприфатливата“ воена и политичка поддршка за сириските курдски сили, борејќи се со „Исламска држава“ во Сирија, информира „Гардијан“.

Претходно Турција ги повика амбасадорите на САД и Русија во врска со снабдувањето на оружје и поддршка за сириските курдски сили во нивната борба со џихадистите.

„Ние имаме јасна позиција. Оваа позиција беше претставена пред САД и Русија. Турција не може да прифати каква и да е соработка со терористички организации кои водат војна против неа“, истакнал Давутоглу.

Турското Министерство за надворешни работи најавило претходно дека амбасадорите на САД и Русија биле повикани за да им биде предадена позицијата на Турција во врска со Партијата за демократско единство, главното политичко претставување на Курдите во Сирија. „Потребните предупредувања беа направени“, додаваат од турското Министерство за надворешни работи.

Турција поставува со Партијата за демократско единство како сириски огранок на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Курдските борци во Сирија ги контролираат екстензивните делови во Северна Сирија во близина на турската граница, каде што со месеци се ангажирани во тешки борби со „Исламска држава“.

Според Давутоглу има „органска врска“ помеѓу ПКК и Партијата за демократско единство. „Ние знаеме дека некои од оние кои избегаа од (турските) операции против ПКК во северен Ирак, се приклучија на Партијата за демократско единство во Сирија. Ние имаме јасна позиција против терористичките организации кои ја водат војната против Турција. Ние имаме ист однос против нивните разграноци“, истакнал турскиот премиер.

Тој ги предупреди САД и други турски сојузници против каква и да било соработка со Партијата за демократско единство.

„Исто како САД и други пријателски сојузници се борат против групи поврзани со „Ал Каеда“, Турција е решена да се бори против ПКК и нејзините разграноци“, изјавил Давутоглу.

Турскиот премиер изјавил дека никој не може да гарантира дека муницијата со кои се снабдуваат сириските курдски групи, нема да се покаже конечно во Турција.

„Ние никогаш нема да дозволиме резерви на оружје од Сирија да се вметнат во Турција“, завршил Ахмет Давутоглу.

Слично

Поврзани вести