Економија, финансии, бизнис

Контакт

И дале отказ, па сега мора да и платат 31 милион долари

И дале отказ, па сега мора да и платат 31 милион долари

Американскиот федерален суд наложил ланецот на продавници „Wal-Mart“ како надокнада да и исплатат 31 милион долари на поранешна работничка која тврди дека е отпуштена поради дискриминација.

Аптекарката Maureen McPadden е отпуштена во 2012 година бидејќи го изгубила клучот на аптеката на „Wal-Mart“, Seabrook. Таа тврди дека е отпуштена бидејќи изразила загриженост поради неправилни рецепти за лекови.

„Wal-Mart“ тврди дека е отпуштена бидејќи го изгубила клучот но McPadden наведува дека и еден маж во аптеката исто така го изгубил клчот, но не останал без работа. Судот одлучил дека McPadden треба да добие надокнада поради полова дискриминација. Портпаролот на „Wal-Mart“ рекол дека компанијата планира да поднесе жалба бидејќи фактите не ја поддржуваат пресудата. Тој рекол дека McPadden била казнувана и претходно и дека е отпуштена поради губење на клучот.
Слично

Поврзани вести