И Чешка подготвува воени мерки против имигрантите
Чешката армија може да испрати 2 600 војници на границите при компликација на ситуацијата таму поради имигрантите, пренесуваат странски агенции.
"Се е во надлежност на Генералштабот. Веќе се подготвени документи за владата. По негова седница ќе има повеќе информации", изјавил портпаролот на чешката влада Јиржи Цалетка.
На средбата на претседателот Милош Земан со претседателите на двата дома на парламентот било одлучено да се предложи зајакнување на обезбедувањето на границите ", преку спроведување на непланирани воени вежби".
Армијата на Република Чешка брои 21 000 војници.
Веста за подготвителни мерки од Прага доаѓа откако денес (12-ти август) беше потврдено дека Грција ќе испрати дополнителни полициски сили на островот Кос. Како што е познато, на островот има прилив на имигранти од Турција, каде што дневно неколку стотици луѓе доаѓаат со гумени чамци.
