Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Брисел започна да ги скенира патниците за ебола

И Брисел започна да ги скенира патниците за ебола
На меѓународниот аеродром во Брисел од денеска е воведено скенирање на патниците кои доаѓаат од високо-ризичните земји за опасниот вирус ебола. На сите патници на летот од Гвинеја преку Сиера Леоне за Брисел им била измерена температура и била обврзани да го пополнат прашалникот на Светската здравствена организација. „Утрово се помина во најдобар ред“, вели портпаролката на аеродромот Флоранс Мулс. Сите 200 патници кои слетале утрово воБрисел биле негативни на симптоми на опасниот вирус. Сиера Леоне и Гвинеја, заедно со Либерија, се земјите кои најтешко се погодени од епидемијата на вирусот на ебола. Слични мерки за скрининг на патниците на аеродромите во изминатите денови воведоа повеќе европски земји, како и САД.
Слично

Поврзани вести