И БМВ се најде под ударите на скандалот со “Фолксваген”
Вториот од големите германски производители на автомобили - БМВ, исто така, се најде во вртлогот на скандалот со манипулационите податоци за штетните емисии во автомобилите на "Фолксваген".
Списанието "Ауто Билд" соопшти дека еден од моделите на БМВ Х3, произведува штетни гасови кои надминуваат 11 пати од регулациите на Европската унија против загадувањето на воздухот.
"Фолксваген" не е единствениот производител, чии автомобили произведувале високи нивоа на азотен оксид ", објави списанието, обвинувајќи одредени модели на БМВ.
Списанието се повикува на податоците на тестови на Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT), според кои X3 xDrive со дволитарскиот дизел мотор ги надминува значително барањата Euro 6.
"Сите овие податоци покажуваат дека проблемот не е делумен за" Фолксваген ", вели Питер Мок од ICCT која беше во основата на откритијата за манипулациите во автомобилите на "Фолксваген".
Од баварската компанија изјавија дека не се местеле тестови за емисии и негираат тврдењата на списанието.
"Нема разлика во сметководството на емисиите во зависност од тоа дали се прават на патот или при тестови", се вели во изјава на БМВ.
"Не располагаме со специфични податоци од наведените тестови и затоа не можеме да ги објасниме резултатите. Ние ќе го контактираме ICCT и ќе побараме да се разјасни што претставувал тестот", дополнуваат од таму.
По објавувањето акциите на БМВ се намалиле за речиси 10 проценти на утринската трговија, како стигнаа до двегодишно дно. Скандалот од денес ги повлече акциите на целата автомобилска индустрија. Кон пладне само акциите на "Фолксваген" бележат раст.
"Дајмлер" побрза да објави дека не користи софтвер за манипулација со податоците од дизел мотори. Портпаролот на компанијата која произведува "Мерцедес-Бенц", најави дека моторите на компанијата одговараат на барањата.
"Денешниот пад на акциите на БМВ покажува дека инвеститорите се многу нервозни во однос на дизел моторите, усогласеноста со прописите и идните одредби", коментира за "Ројтерс" Арнд Елингхорст, шеф на одделот за автомобилски компании во инвестицискиот консултант Evercore.
