Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѝ БЕШЕ НЕСУДЕН СВЕКОР НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА, ИСТРАЖУВАШЕ ДОЛГО ЗА НЕСРЕЌАТА - почина Мохамед Ал-Фајед, поранешниот „крал“ на „Херодс“

Ѝ БЕШЕ НЕСУДЕН СВЕКОР НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА, ИСТРАЖУВАШЕ ДОЛГО ЗА НЕСРЕЌАТА - почина Мохамед Ал-Фајед, поранешниот „крал“ на „Херодс“

Мохамед Ал-Фајед, поранешниот сопственик на познатата лондонска стоковна куќа „Хародс и фудбалскиот клуб Фулам“, почина на 94-годишна возраст, соопшти во петокот клубот Фулам.

Мохамед Ал-Фајед, бизнисмен роден во Египет, познат и како сопственик на Хародс, изградил деловна империја на Блискиот Исток пред да се пресели во Обединетото Кралство во 1970-тите.

Неговиот најстар син, Доди, загина заедно со принцезата од Велс Дијана во сообраќајна несреќа, под околности кои Ал-Фајед со години ги истражуваше, останувајќи во голема мера далеку од очите на јавноста во изминатата деценија, живеејќи во неговата палата во Сари со својата сопруга Хајни.

Во соопштението објавено во петокот вечерта, неговото семејство рече: „Госпоѓа Мохамед Ал-Фајед, нејзините деца и внуци сакаат да потврдат дека нејзиниот сакан сопруг, нивниот татко и нивниот дедо, Мохамед, починале мирно на старост во средата на 30 август, 2023 година“.

„Тој уживаше во долго и исполнето пензионирање опкружен со своите најблиски. Семејството побарало во овој момент да се почитува нивната приватност“.

Фудбалскиот клуб Фулам (Лондон), чиј сопственик некогаш беше Ал-Фајед, рече дека е „неверојатно тажно да се дознае“ за неговата смрт.

Му должиме благодарност на Мохамед за она што го направи за клубот, а нашите мисли сега се со неговото семејство и пријателите во ова мрачно време“, стои во соопштението на Фулам.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести