И Белата куќа со закана до ЕУ поради APPLE: Плаќањето на данок мора да биде фер, а не еднострано
И Белата куќа се огласи по повод казната која Епл ја доби од Европсkата комисија.
Оттаму ja предупредија ЕУ да не презема еднострани мерки, откако бараше компанијата ЕПЛ да и плати на Ирска 13 милијарди евра заостанат данок.
Згрижени сме поради унилатералниот пристап-соопшти портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, наведувајќи дека овој потег “се заканува на поткопување на напредокот кој САД го направија заедно со Европјаните ,системот на оданочување на компании кои работат на меѓународен план да биде фер“.
„Кога велам фер, мислам пред се на даночните обврзници, но и на компаниите кои се обидуваат да работат ширум светот, што на крај донесува добро и за другите економии“, рекол Ернест.
Брисел соопшти дека Епл, кој важи за највредна комапнија на светот, практично ги избегнува сите даноци на работата во Унијата, преку нелегални аранжмани со Даблин, кои на американската компанија и дале нефер предност над конкуренцијата.
Епл и владата на Ирска веднаш соопштија дека ќе се жалат против одлуката на Европската комисија, а произведувачот на Ајфон, предупреди дека тоа би можело да доведе до загуби на работни места во Европа.
