Економија, финансии, бизнис

Контакт

И БАЛКАНОТ НА НИШАН: ИСИС се закани со напади низ цела Европа

И БАЛКАНОТ НА НИШАН: ИСИС се закани со напади низ цела Европа

Припадниците на Исламската Држава повторно се закануваат.

Преку порталот „Vjesti ummeta”, кој емитува и вести на босански јазик, тероситите најавија нови напади во цела Европа, како одмазда за нападите врз нивните приврзаници.

„Да знаете дека наскоро доаѓаме, а веќе сме тука меѓу вас. Во цела Европа ќе се лее крв” – пишува во заканата објавена на порталот.

Истиот портал, во саботата напиша дека нападите во Париз биле „благословена вест за муслиманите” и се изразува жал што во антетатите немало повеќе жртви.

islamisti-pretnja-foto-printscreen-vijesti-ummeta-1447607815-784929

„Каде ви се сега вашите авиони, технологија, камемри и платена војска? Знаете дека се тоа „паѓа во вода” кога се борите против Оној кој е над вас. Знаете дека нема помош ниту спас ако не премините во Ислам. “ – се вели во заканата.

Коментирајќи ја осудата на Босна и Херцеговина за париските напади, порталот пишува дека следна мета на џихадистите бил Балканот.

„Вам ви следува уште поголема одмазда. Босна е преплавена со џихадисти кои се спремни да се борат за Шеријатот. Тие се крв на Алах и таа крв не е залудно дадена. Тие луѓе наскоро ќе ja леат крвта на неверниците во цела Европа” – се заканува порталот близок на Исламската Држава.

Слично

Поврзани вести