Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Австрија на листата со цели на Исламската држава

И Австрија на листата со цели на Исламската држава
По заканите на Исламската држава упатени кон Британија, Германија и САД, и австрија се појави на листата земји кои се мети на оваа организација, откако германските власти откриле дека австриски џихадист, Мохамед Махмуд, преку „Твитер“ повикувал на „колење неверници“ во Австрија. Претходно австриските власти тргнувале од тоа дека постои само „зголемена апстрактна опасност“ од тероризам, но сега ситуацијата се конкретизирала и заострила. Надлежните власти претпоставуваат дека во раководните положби на Исламската држава се наоѓаат и двајца Австријци. И шефот на Службата за обезбедување на уставноста и борбата против тероризмот неодамна укажа дека и Австрија би можела да биде цел на напади на оваа организација. Заканите на Мухамед австриските власти ги сватиле многу сериозно, бидејќи ова лице било дел од највисоките раководствени кругови на Исламската држава. Тој четири години поминал во затвор во Виена, бидејќи се обидел да ја уценува австриската влада во име на Ал Каеда. По „одлежаните“ четири години затвор во 2011 година тој во Германија основал една салафистичка организација и потоа се упатил во Египет. Во обид за илегален премин во Сирија тој бил уапсен во Турција, но бил пуштен од притвор откако Анкара извршила размена со Исламската држава со турски заробеници. Во терористичкото упориште Рака тој важи за еден од водечките идеологисти на Исламската држава.
Слично

Поврзани вести