Економија, финансии, бизнис

Контакт

И АСТРАЗЕНЕКА ЗАТАИ СО КОЛИЧИНИТЕ - наместо 80 милиони дози, Европа во првиот квартал ќе добие само 31 милион

И АСТРАЗЕНЕКА ЗАТАИ СО КОЛИЧИНИТЕ - наместо 80 милиони дози, Европа во првиот квартал ќе добие само 31 милион

Компанијата Астразенека вчера им соопшти на официјалните претставници на ЕУ дека ќе го намали снабдувањето со својата вакцина ковид-19 за Европската унија за 60 проценти, до 31 милион дози во првиот квартал од оваа година, поради проблеми со производството, изјави висок европски официјален претставник за Ројтерс, пренесува Индекс.хр.

Компанијата требаше да достави околу 80 милиони дози до членките на ЕУ до крајот на март, рече официјален претставник вклучен во разговорите.

Хрватска, пак, нарача повеќе дози токму од Астразенека во споредба со која било друга вакцина, или дури 2,7 милиони дози од таа вакцина.

Астразенека се согласи да испорача повеќе од 80 милиони дози во вториот квартал, но не можеше да ги специфицира целите на испорака за периодот април-јуни, поради проблемите со производството, рече официјалното лице.

Тој додаде дека компанијата планира да започне со испораки во ЕУ на 15 февруари, како што првично беше планирано.

Компанијата соопшти дека намалувањето на планираните испораки е предизвикано од проблеми со производството во фабрика за вакцини во Белгија, управувана од нејзиниот партнер Новасеп, изјави претставникот за Ројтерс

„Првичните испораки на вакцини до Европската унија нема да ги достигнат целните количини заради доцнењата во производството“

Германски „Билд“ претходно објави дека Астразенека ја известила Европската комисија дека првично нема да може да ги достави договорените количини на вакцина против коронавирус, откако доби одобрение од медицинскиот регулатор на ЕУ, што се очекува кон крајот на јануари.

Слично

Поврзани вести