Економија, финансии, бизнис

Контакт

И „Анонимус“ и објавија војна на Исламската држава

И „Анонимус“ и објавија војна на Исламската држава
Хакерската група „Анонимус“ започна кампања против радикалната Исламска држава на интернет. Еден од членовите на светски познатата хакерска мрежа, во ексклузивно интервју за телевизијата Франс 24, вели дека нивна цел е заштита на беспомошните, како во т.н. сајбер-простор, така и во реалниот живот. „сакаме да предупредиме за тоа колку навистина е критична ситуацијата во Ирак. Исто така, сакаме да го свртиме вниманието и на фактот дека САД директно и индиректно се одговорни за кризата што ја имаме денеска во Ирак. Сакавме да покажеме дека Исламската држава не е исто што и исламската религија“, вели претставникот, кој се појавил на телевизија со препознатливата маска на лице, која е заштитен знак на Анонимус. Тој нагласи дека меѓу акциите кои ги планираат, дел се насочени и кон државите кои ја поддржуваат Исламската држава, особено финансиски. Меѓу нив се и Турција и Саудиска Арабија. „Предупредуваме дека, доколку продолжат да ја помагаат Исламската држава, ќе бидеме принудени да ја уништиме нивната виртуелна инфраструктура. И дека имаме луѓе кои тоа можат да го направат!“, порачуваат од Анонимус. Поголемиот дел од пропагандата на Исламската држава се одвива на интернет, каде што џихадистите шират информации за нивните активности и регрутираат нови членови.
Слично

Поврзани вести