И алжирскиот авион летал над воена зона
Вкупно 110 патници и шестмина членови на екипажот патувале со авионот на „Ер Алжир“ кој денеска исчезна од радарите, патувајќи од Буркина Фасо за Алжир, соопшти авиокомпанијата.
Станува збор за авион Мекдонел-Даглас МД 83 на приватната шпанска компанија „Свифтер“, кој се наоѓал на ќартер лет со кој раководи „Ер Алжир“.
Според првичните информаии сигналот на авионот се изгубил од радарите некаде над Мали, африканска држава во која исто така се водат вооружени судири.
Но, засега судбината на авионот и неговите патници е непозната. Непосредно пред да се изгуби од радарите, пилотот на авионот побарал промена на курсот заради слаба видливост и заради близина на друг патнички авион кој летал на релација Алжир-Бамако.
Веднаш по таа порака, сигналот на авионот бил загубен. Не е познато дали пилотот го променил курсот.
Летот Уагадугу-Алжир оваа авиокомпанија го реализира четири пати неделно, а според временските информации во овој регион денеска има силна бура.
Слично
