Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Hypo“ се подготвува за продажба – очекува добивка од неколку милијарди

„Hypo“ се подготвува за продажба – очекува добивка од неколку милијарди
Холдингот за југоисточна Европа на австриската банка „Hypo internacional“ полека добива облик и треба до крајот на овој месец да се утврди. Организацијата во која ќе се најдат сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија,  се формира со цел да се олесни нивната продажба. Европската комисија на почетокот на овој месец го продолжи рокот за продажба на сестринските банки на групацијата „Hypo“ до крајот на 2015-та година, а моделот на холдингот, кој Австрија и го предложи на Брисел, наиде на одобрување. Народната банка и финансиските установи во Словенија и Хрватска веќе дале „зелено светло“ за преминување на банките во холдинг, што е чисто техничка процедура. Се очекува денес и Народната банка на Србија да даде одобрување, а во Босна тоа би требало да се случи во понеделник.. Групацијата „Hypo“ смета дека од продажбата ќе може да заработи износ од неколку милијарди.
Слично

Поврзани вести