„Hypo Alpe Adria“ ќе ги продава филијалите на Балканот-отворена листа на купувачи
До првата половина на 2015 година, под притисок на Европската комисија, „Hypo Alpe Adria Bank“ мора да ги продаде своите сестри банки на Балканот. Поради тоа, од компанијата најавија дека до крајот на годинава сакаат да имаат листа од потенцијални инвеститори.
Процесот на прием на понудите е отворен од четвртиот квартал минатата година, а во април документацијата беше доставена до заинтересираните страни.
Исто така, ќе продолжи и процесот за продажба на најголемиот дел од хотелот на Балканот, се додава во извештајот.
Слично
