Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХУТИТЕ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ИЗРАЕЛ: Го држиме прстот на чкрапалото и чекаме наредба

ХУТИТЕ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ИЗРАЕЛ: Го држиме прстот на чкрапалото и чекаме наредба

Хутите од Јемен му се закануваат на Израел. Тие се обратија со зборовите „го држиме прстот на чкрапалото и чекаме наредба да се движиме“.

Оваа порака ја упати Абдувл Вахаб ал-Махбаши од Политбирото на Хутите. Тој му се обрати на портпаролот на израелската војска, контраадмиралот Даниел Хагари, кој рече дека неговата земја е подготвена да се брани од Хутите кои ги поддржува Иран.

„Израел има една од најдобрите противвоздушна одбрана и е подготвен на такви закани“, изјави портпаролот.

Оваа група во превод значи поборниците на Алах. Милицијата потекнува од сиромашниот планински регион Саада во северен Јемен. Шиитската група потекнува од сектата Зејди чиј член беше и поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех.

Во 2011 година, масовните протести против Салех беа проследени со полициско насилство. Во услови на ескалација на меѓународната осуда, претседателот ја напушти земјата и се согласи со транзициониот план на Советот за соработка во Заливот и Абдрабу Мансур Хади стана претседател.

На 7 октомври палестинската група Хамас почна со напади на Израел. 

фото: Икс/принтскрин

Слично

Поврзани вести