ХУМАНОСТ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДОНОРСТВОТО: Холивудската ѕвезда Том Хенкс донираше крвна плазма
Том Хенкс го победи Ковид-19, по што одлучи да помогне во глобалната борба против пандемијата на корона вирусот. 63-годишниот актер, како што денеска наведува „Дејли мејл“, уште во текот на минатата недела донираше крвна плазма, во која има антитела на вирусот и која ќе биде наменета за пациентите кои се во сериозна состојба и имаат тешка клиничка слика.

Актерот
сподели и фотографии на социјалните мрежи за да го поттикне донорството на
крваната плазма со која може да се спасат многу животи. Претходно, Хенкс
се пошегува на своја сметка, велејќи дека ќе помогне во создавањето на
„Хенк-цина“.
Слично
