Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХУМАНА МИСИЈА ВО ШПАНИЈА: Ресторан за богати и бездомни лица

ХУМАНА МИСИЈА ВО ШПАНИЈА: Ресторан за богати и бездомни лица

Шпански свештеник со генијална идеја им помага на сиромашните и бездомните лица. 

Во шпанската престолнина е отворен ресторанот „Робин Худ“ кој работи по принципот земи им на богатите, дај им на сиромашните.

Тој е отворен пред еден месец, а го води 80-годишниот свештеник Анхел Гарсија Родригез.

Појадокот и ручекот, кои не се баш евтини, ги плаќаат богатите гости. Во овој угостителски објект вработени се едни од најдобрите мадридски готвачи и многу од нив волонитираат  еднаш неделно.

Резервациите во ресторанот се пополнети до април оваа година.

Вечерата во ресторанот е бесплатна за бездомници. 

„Сакам и тие да јадат со исто достоинство како и кој било друг гостин. И со ист квалитет, во чаши од кристал, а не пластични. И во пријатна атмосфера“– вели Анхел Гарсија Родригез.

Ресторанот услужува повеќе од 100 сиромашни луѓе секоја вечер, во две смени. 

Слично

Поврзани вести