Хрватско оружје најдено кај уапсениот терорист во Париз
Францускиот обвинител за борба против тероризмот, изјави дека во домот на уапсениот Ред Крикет пред неколку дена е најден арсенал оружје.
Минатиот петок полицијата го уапси 34 годишниот Крикет, во француско предградие, а кај него дома имало индустриски експлозив, 5 калашникови, 7 пиштоли, солзавци, миниција и автоматска пушка произведена во Хрватска.
Најдена е книга „Модерна лабараторија“ и заштитниот знак на Исламска држава.
Уапсениот и е познат на полицијата и лани му е изречена 10 годишна затворска казна заради врбување на борци за Сирија. Се поврзува и со терористичкиот напад од ноември во Париз, кога беа убиени 130 луѓе.
Слично
