Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватскиот имунолог: Коронавирусот е само хистерија

Хрватскиот имунолог: Коронавирусот е само хистерија

Познатиот хрватски имунолог д-р Среќко Сладољев, поранешен вработен во Институтот за имунологија и истакнат противник на вакцинација, даде интервју за порталот Дневни.хр во кое коментираше за состојбата во врска со коронавирусот. 

Сето ова тој ја нарече несериозна хистерија и голем срам за целиот свет и здравствен систем. 

- Нема ништо ново во коронавирусот што човештвото порано не го доживеало. Тоа е најчестиот вирус „influenca-like“ или вирус сличен на грип, кој нè погоди повеќе од 200 пати во последните 70 години. Ова го потврдува минималниот број на пациенти кои, да не беа медиумите и сензационално надуената паника, би се вклопувале во бројот на пациенти со сезонски грип и не би го ни забележувале - рече имунологот. 

Огромниот борец против парализирањето на секојдневието е цитиран на Машки Магазин.

Слично

Поврзани вести