Хрватска под истрага на ФИФА по натпреварот против Бразил
Хрватските фудбалери можеби се жалат на пеналот што им го досуди јапонскиот судија на натпреварот против Бразил, но за ФИФА оваа ситуација не е спорна. Хрватска е таа која се најде под истрага на меѓународната фудбалска асоцијација и тоа со обвинение дека хрватските репрезентативци направиле хаос на стадионот Коринтијанс Арена, незадоволни со исходот на вчерашниот натпревар.
Според поранешниот поранешниот претседател на познатиот бразилски клуб Коринтијанс Андрес Санчез, кој сега е директор на стадионот на кој беше отворено Светското фудбалско првенство, Хрватите го искршиле инвентарот во соблекувалната, на подот истуриле вода, а во ходниците предизвикале вистинска поплава.
„Тој дел од стадионот изгледа грозно, Хрватите извалкаа се што можеа“, вели Санчез, кој тврди дека луѓето кои ја чистат Коринтијанс Арена морале да останат со часови подолго отколку што било предвидено, за да го исчистат целиот неред. Според американските медиуми, ФИФА сериозно ги сфатила ваквите обвинувања на бразилските домаќини и покренала истрага против хрватската фудбалска репрезентација.
Слично
