Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА ЌЕ ДОНИРА СТАРИ ТЕНКОВИ НА УКРАИНА: Ќе си купат и нови Леопарди

ХРВАТСКА ЌЕ ДОНИРА СТАРИ ТЕНКОВИ НА УКРАИНА:  Ќе си купат и нови Леопарди

Хрватска набавува нови Леопарди, a старите тенкови ги испраќа во Украина. 

Владата до средината на ноември треба да донесе формална одлука за повеќегодишното финансирање на овој проект. Тогаш треба да се знае конечната цена на набавката на Леопард и другите детали околу купувањето, пишува Индекс.хр.

Државата планира да купи 50 нови германски тенкови Леопард 2А8, објави Индекс.хр. Како што наведува медиумот хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ и германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска во Берлин треба да потпишат писмо со намери што ќе го означи првиот чекор во оваа набавка.

Германија ја покани Хрватска да се приклучи на заедничката програма за набавка на главниот борбен тенк Леопард 2А8, најмодерната верзија произведена од Рајнметал, водечки европски производител на оружје.

Моделот за набавка предвидува Хрватска при првата испорака да испрати во Украина 30 тенкови М-84 и 30 пешадиски борбени возила М-80 од своите резерви, вклучувајќи резервни делови и муниција. За парите што Украина би ги дала за тие тенкови и возила, би се намалил вкупниот трошок за набавка на нови Леопард 2А8 за Хрватска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека соработката во форматот „Украина плус Северна Европа“ добива на интензитет, а следната недела се очекуваат дополнителни чекори за зголемување на притисокот врз Русија.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Украина инсистира на праведен мир. 
Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Слично

Поврзани вести