Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА ИМА 172 САНТИМЕТРИ ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И 37 ГОДИНИ МУДРОСТ: Аргентинските медиуми пред утрешното полуфинале

ХРВАТСКА ИМА 172 САНТИМЕТРИ ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И 37 ГОДИНИ МУДРОСТ: Аргентинските медиуми пред утрешното полуфинале

„Десет години во Реал Мадрид, 16 во репрезентација, 172 сантиметри чиста интелигенција и 37 години мудрост. Не можете да зборувате за хрватската репрезентација без да го пофалите Лука Модриќ. На СП во Русија беше прогласен за играч на турнирор, а на ова СП е веќе на специјалниот список, исто како и неговата репрезентација“, пишува аргентинскиот Кларин во пресрет на полуфиналето на Светското првенство против Хрватска утре во 20 часот.

„Модриќ, балканскиот Кројф, е капитенот и душата на противникот на Аргентина. Меси и неговите соиграчи го знаат многу добро. Не само од Шпанија, туку и од последното Светско првенство на кое Хрватска ги победи со 3:0. Но тој натпревар не е само статистика, тој беше еден од темелите на најголемата сила на хрватската репрезентација, а тоа е искуството, пишува весникот.

ФОТО: EPA-EFE/Ronald Wittek

Слично

Поврзани вести