Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијани во Сирија се барикадираат за Божиќ

Христијани во Сирија се барикадираат за Божиќ

Во страв од напади христијаните во Сирија се барикадираат за Божиќ. 

Исплашени се од џихадистички напади, и немаат расположение за прослави. 

Речиси сосема се пусти улиците, камери за надзор има околу црквите, максимални мерки за безбедност има во христијанскиот кварт во сирискиот град Камишли. 

За разлика од минатите години не се гледаат божиќните и новогодишните украси во Уста, главниот кварт од христијанскиот дел на  Камишли во североисточна Сирија, каде беснее војна, пишува Франс прес.

Ресторанот „Домино" каде што на 22 мај имаше самоубиствен напад, е речиси празен.

„Нападите за новогодишните празнувања  се одразија лошо на егзистенцијата. Сега на луѓето им е страв да одат во ресторан"- вели Нидал Зауи кој пие кафе на една од масите.

Во пресрет на Новата 2016 година имаше три напади, од кои два во Уста при што одговорноста за сите беше  на групата „Исламска држава". Тие убија 16 лица, а 30 беа повредени. 


Слично

Поврзани вести