Скапиот хотелски „рум-сервис“ заминува во историјата
По периодот во кој рецесијата успеа да нанесе силен удар врз туристичка индустрија (во 2009 година во овој сектор се собираа со близу 8%), корпорациите и обичните туристи повторно тргнаа на пат, пишува „BusinessWeek“. Хотелиерите пак одговорија на тоа со раст на цените на собите.
Помеѓу 2011 и 2012 година нивните приходи од соби за гости се зголемиле за 6,3%, а вкупните приходи од други области како рум-сервис, спа услуги и трговија се зголемиле за само 0,5%, според податоците на американската компанија „PKF Hospitality Research“. Експертите наведуваат дека во минатото немало толку голема неусогласеност помеѓу промената на приходите од давање на собите и оние од другите услуги.
Ова е една чудна динамика, анализираат економистите. Цените на собите се зголемуваат, особено кај луксузните хотели и оние во големите градови. Бидејќи пазарот на подобри соби станува се поконкурентен, цените исто така одат нагоре. Откако патниците ќе пристигнат во најскапите соби сепак, тие се помалку решаваат да платат 14 долари за шише минерална вода или 28 долари за сендвич, како што тоа со задоволство го правеа пред кризата.
Хотелите се прилагодуваат на оваа нова реалност на повеќе начини - некои едноставно го укинуваат или намалуваат рум-сервисот. Со други зборови - ставаат крај на скапите јадења под капаци од нерѓосувачки челик, кои пристигнуваат во собите на количка туркана од келнер. Во новиот хотел на Иан Шрегер „Public Chicago“ на пример храната по собите се испорачува во хартиени кеси, за да може гостите да ја консумираат, кога тие сакаат. Во ресторанот пак само едно јадење чини над 30 долари.
Слично
