Хотелски магнат понуди 5000 ноќевања за бегалци во Норвешка
Норвешки милијардер и сопственик на ланец хотели Питер Стордален понудил денес 5000 ноќевања во своите хотели за беглаци кои не најдат место во еден од центрите за азиланти во таа земја.
„Нудиме 5000 ноќевања за бегалците на кои им е потребен смештај“, напишал на својот Твитер профил Стордален, сопственик на ланецот хотели „Нордик Чојс“.
Бегалската криза која се одвива во Европа се „однесува на сите“, рекол тој за норвешката новинска агенција НТВ, додавајќи дека на бегалците кои ќе отседнат во неговите хотели исто така ќе им бидат платени и оброци.
Норвешкиот одбор за миграција соопштил дека ќе ја разгледа понудата на Стордален доколу нивните центри бидат претрупани.
Норвешка во текот на август регистрирала 2313 барања за азил, воглавно на Сиријци, Еритрејци и Авганистанци, што е најголем број во еден месец уште од деведесетите години на минатиот век.
