Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хотелската индустрија се подготвува за добра година

Хотелската индустрија се подготвува за добра година
Хотелиерите очекуваат позитивен развој на секторот во 2014 година, но мора да се прилагодат на побарувачката на услуги. Ова се наведува во анализата на HVS London, пренесува порталот Property Magazine. Туристичката индустрија во Велика Британија и континентална Европа е фаворизирана од зголемената побарувачка како од страна на туристите, така и од страна на бизнис патниците. Се очекува активностите  при трансакциите да се подобри, а кредитирањето да стане подостапно. Изградба на хотели во Европа продолжува да се развива со брзо темпо, во моментов се спроведуваат вкупно 360 проекти со 60 илјади соби. Многу од нив ќе ги отворат своите врати во 2014 година. Уште 450 хотели со 70 илјади соби во моментов се во фаза на планирање, повеќето од нив се во Велика Британија, проследено со Русија, Турција, Германија и Франција. Според податоците на HVS London околу 45% од новите простории кои се градат во Европа, се во луксузниот сегмент. "Неодамна се зборуваше многу за интензивирањето на пазарот на нискобуџетни места за сместување, но операторите сеуште пројавуваат силен интерес кон изградба на престижни хотели на клучни места на позадината на континуираната силна побарувачка од страна на Русија, Кина и Блискиот Исток", коментира претседателот на HVS Расел Кет. Во исто време тој ги повикува операторите во Европа, особено оние на луксузни хотели, да се прилагодува на променливите барања на модерниот патник кој веќе бара едно поинакво искуство, вклучувајќи вистински заслужена услуга, а не само шаблонските услуги. "Многу  по освежувачки е кога персоналот во одреден хотел ги услужува гостите со радост, па гостите се толку задоволни од престојот  што на крај упатуваат и реклама бесплатно, така што ги споделуваат впечатоците со своите пријатели ", вели експертот. Лондон е на прво место по изградбата на алтернативни хотели  и апартмани со вклучени хотелски услуги. Овие проекти се  стремат да ги задоволат потребите и специфичните барања на клиентите и веќе се водат надвор од границите на главниот град. "Бутик хотелите  имаат страшна иднина, барем затоа што тие ќе помогнат да се промени и традиционалниот угостителски сектор и ќе ги научи на она на  што всушност стои во основата на овој бизнис", заклучува Расел Кет.   К.К.      
Слично

Поврзани вести