Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хотелите во Виена за шест месеци оствариле профит од 213 милиони евра

Хотелите во Виена за шест месеци оствариле профит од 213 милиони евра
Во периодот од јануари до јуни 2013-та година, во Виена, регистрирани се вкупно 5.7 милиони ноќевања, што е за 3.1 проценти повеќе отколку во истиот период лани, покажуваат податоците. Гостите од странство оствариле 80 проценти од ноќевањата. Туристите од Германија оствариле 3 проценти од ноќевањата или 34.000, од Австрија биле 2 проценти или 26.000 и од Русија 14 проценти или 44.000 повеќе отколку во првите шест месеци од 2012-та година. Најголем пораст оствариле посетителите од Јужна Кореа (+29 проценти) или 53.000 ноќевања. Гостите од Италија и Шпанија биле нешто помалку во австриската престолнина отколку лани. Бројот на ноќевања на Италијанците се намалил за 10 проценти или на 245.000, а  на Шпанците за еден процент, односно на 133.000. Непроменет резултат во споредба со истиот период од 2012-та година оствариле гостите од САД (276.000 ноќевања) и од Франција (165.000). Просечната полугодишна пополнетост на креветите изнесувала 50.3 проценти. За периодот од јануари до мај нето-прометот од ноќевањата изнесувал 213 милиони евра.
Слично

Поврзани вести