Хотелите во Брисел поевтинија по терористичките напади
Во некои хотели персоналот веќе е три пати поброен од гостите.
Терористичките напади во Брисел од 22 март натераа стотици туристи да ги откажат резервациите за одмор во Белгија, генерално за во главниот град. Токму затоа бриселските хотели почнаа да нудат уникатни попусти за своите клиенти, за да ги привлечат повторно. Меѓу „жртвите“ е Николас Варитис, менаџер на хотел La Madeleine, кој се наоѓа во близина на централната станица во Брисел. Според него сличен пад на побарувачката никогаш немало. Се откажуваат секој ден резервации направени од пред неколку месеци, а нови нема. Варитис вели дека минатата недела во просек по четири лица на ден имало во хотелот. Реакцијата на туристите е дека крвавите напади биле жестоки. Работата во хотелите во Брисел падна за речиси 25% во првите денови по нападите. Претходно беа пополнети речиси 82% од капацитетите. Слична ситуација се забележува и во други европски градови. По нападите во Париз од 13 ноември лани, работата во хотелите опадна за речиси 67%.
