Хотелите во Бразил за Светското првенство во фудбал поскапи за 500 отсто!
Во Бразил, Министерството за туризам ја информирал ФИФА дека преговара со сопствениците на хотелите за намалување на цените за сместување во периодот на одржување на Светското првенство во фудбал 2014 година.
Ова активност на министерството следи неколку дена по информацијата објавена од агенцијата „Матч“ дека цените во хотелските објекти ќе бидат зголемени за 500 проценти.
За ФИФА ова претставува голем проблем и опасност за намалување на бројот на посетителите на Светското првенство. Во препораките до министерството стои дека хотелиерите треба да најдат адекватен начин за намалување на астрономските цени на хотелското сместување за Светското првенство во фудбал.
Од здружението на хотелиерите и агенцијата соопштиле дека ги подржуваат напорите на министерството.
