Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хотелиерите бесни на туристите од Британија: Како се научија Британците да заработуваат од летувањата?

Хотелиерите бесни на туристите од Британија: Како се научија Британците да заработуваат од летувањата?

Хотелиерите во Шпанија се на чекор од воведување на целосна забрана за туристи од Велика Британија, бидејќи се разочарани и бесни поради се поголемиот број на лажни обвинувања.

Мигел ги води едни од најголемите хотелски синџири на Мајорка, но никогаш не бил толку лут на британските гости и разочаран како сега, бидејќи како вели, единствените тужби и обвинувања доаѓаат од нивна страна.

Во текот на една туристичка година, Мигел го поздравуваат околу 9000 британски туристи, но има и многумина кои доаѓаат од Германија и Холандија.

Првите две години овој хотел имал само неколку жалби поради гастроентеритис. Меѓутоа, минатата година добиле околу 200 тужби за труење со храна, а интересно е тоа што секоја од нив доаѓа од британски туристи, а ниту една од Германци или Холанѓани.

За време на одморот никој од нив не се пожалил на хотелот, меѓутоа, по враќањето во Велика Британија тие им се жалеле на своите туристички организации.

Хотелот на Мигел така станал жртва на тврдења за епидемија со труење која туристите кај нив ја „заработат“, па овој хотел се соочил со големи потешкотии, пад на популарноста и цената.

И не е само Шпанија земја која го има овој проблем. Минатата недела стигна предупредување дека туристите и во Турција и Бугарија се жалат на проблеми со желудникот, а еден хотел на Кипар соопштил и дека поради лажни обвинувања морал да плати цена од 5 милиони фунти.

Овој феномен, кој се поврзува само со британски туристи, го споредуваат со оргазизиран криминал.

Британските туристички организации, ги охрабриле своите државјани да бараат отштета, така што им исплаќале големи суми за било која повреда на летување, вклучувајќи и повреда од врата. 

Британските туристи добиле од своите туристички организации информација дека доколку се пожалат на труење со храна, од хотелот може да бараат отштета од 3000 фунти, а патувањето најчесто ги чини само 500 фунти. На туристите им е речено и дека е потребно да докажат само дека конзумирале некој лек на болки и проблеми со желудникот и стомакот во текот на летувањето.


На организациите им е многу полесно да го тужат хотелот кој на своите гости им нуди цел пакет аранжман, со сите три оброци, бидејќи тогаш, наводно, тие се единствени одговорни за труење со храна.
Овој проблем земал толкав замав што туроператорите предупредија дека ова лето може да биде последно за британските туристи на овие дестинации, бидејќи хотелиерите планираат за нив да воведат целосна забрана во нивните хотели.
Мигел вели дека хотелиерите во Шпанија се „бесни и разочарани“ поради овие тврдења и обвинувања.
Слично

Поврзани вести