Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хотел за мртви – нов бизнис во Јапонија

Хотел за мртви – нов бизнис во Јапонија
Оние кои останале без  член на фамилијата во Јапонија, додека чекаат ред во преполниот градски крематоруим, можат да ги искористат услугите на хотелот за мртви, Ластел, во предградието на Токио, Јокохама, исвестува Ројтерс. Хотелот Ластел, располага со 18 –фрижидери- мртовечници, и цената за еден ден изнесува 157 долари. Во овој специјален хотел можат да дојдат роднини и пријатели кои сакаат да му ја оддадат последната почит на мртвиот.   Доколку некој залута и бара слободна соба , персоналот љубезно му одговара дека имаат само „ладни соби‘‘ Во Јокохама во просек се чека по четири дена за кремирање на мртвите , па потребата од вакви хотели е доста голема . Во спротивно луѓето ќе треба да ги чуваат телата на мртвите  дома. Со оглед на фактот дека секоја година умираат 23.000 илијади луѓе повеќе од претходната , а минатата година во Јапонија умреле 1.2 милиони луѓе , погребалната индустрија е во пораст .  
Во Јапонија лесно е да започнеш бизнис за погребални услуги бидејќи за тоа не се потребни никакви лиценци и квалификации.Секој што сака да отвори фирма за погребални услуги потеребно е да има само канцелрија и  телефон,  а  цвеќе и  ковчег  лесно се нарачуваат. Салата за изведување на погребалниот обред и свештено лице се изнајмуваат.
Слично

Поврзани вести