Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хоророт на Сочи: Работници „на црно“ опишуваат како бегале од полицијата

Хоророт на Сочи: Работници „на црно“ опишуваат како бегале од полицијата
„Три дена се криевме по споредни улички и кафулиња“, раскажува 21-годишниот Милан Јефтиќ од српското село Лозница, еден од над 100-те работници од Србија и Босна и Херцеговина кои се вратија минатата недела од рускиот град Сочи, каде што непријавени работеле на подготовката на Олимписките игри. Јефтиќ од Лозница заминал пред три месеци преку агенција за вработување која му нашла работно место како ѕидар за плата од 9 евра за квадратен метар. Иако проценува дека на овој начин заработил 4.500 евра за време на престојот во Сочи, сепак му биле исплатени едвај 700 евра. Потоа бил принуден да бега од работното место, бидејќи агентите на Руската служба за миграции однеле во притвор повеќе од 30 работници. Меѓу нив бил и Миомир Столица од Босна и Херцеговина. „Работевме на градилиште, а не бевме платени“, вели тој, сепак додавајќи дека тоа не е најстрашното. „Кога не уапсија се обративме во босанската Амбасада, но тие не беа во можност ништо да направат за нас. Потоа ни помогна Амбасадата на Србија“, додава Столица. Приказните на работници кои не биле платени за својот труд на подготовката на Олимписките игри и биле принудени во страв да го напуштат Сочи се се почести.
Слично

Поврзани вести