ХОРОР ВО ТУРЦИЈА, ВЛЕТА СО ПУШКА ВО УЧИЛИШТЕ - поранешен ученик повредил 16 лица (ВИДЕО)
На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган со пушка.
Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и ученици.
Мотивот за пукањето засега не е познат, пренесе ДПА.
Неидентификуван напаѓач рано утрово со пушка влегол во училиштето во областа Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, и почнал да пука по случаен избор, јави новинската агенција „Демирорен“.
Првично осомничениот се криеше во училиштето и одбиваше да се предаде и покрај полициските предупредувања. Медиумите јавуваа дека се правеле напори за негово убедување да им се предаде на властите.
Но, подоцна објавија дека напаѓачот кој е поранешен ученик на училиштето извршил самоубиство.
Властите ја зголемија безбедноста на местото на настанот, а во училиштето се испратени и медицински екипи.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
