Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОР ВО ТЕЛ АВИВ: Избодел жена, и го украл автомобилот, па „влетал“ во група луѓе - има многу повредени

ХОРОР ВО ТЕЛ АВИВ: Избодел жена, и го украл автомобилот, па „влетал“ во група луѓе - има многу повредени

Маж изврши напад во Тел Авив, во кој се ранети најмалку 19 лица. Според првичните информации, тој најпрво избодел жена со нож и и го украл автомобилот, за да вози директно во неколку групи луѓе на повеќе локации. 

Напаѓачот е уапсен, а полицијата соопшти дека е Палестинец од Западниот Брег.

Полицијата соопшти дека осомничениот кој го изврши терористичкиот напад во Ранани е Палестинец од градот Хеброн на Западниот Брег и дека е уапсен.

Полицијата во соопштение наведува дека при нападот мажот украл вкупно три автомобили.


Најмалку 18 лица се ранети во нападите, меѓу кои и едно во критична состојба. Се вели дека најмалку една од жртвите е избодена со нож.

Уапсен е и уште еден маж од Хеброн, роднина на осомничениот.

Полицијата соопшти дека полицајците продолжуваат да ја пребаруваат областа за потенцијални дополнителни закани.

Случаен минувач кој бил сведок на почетокот на нападот вели дека „се се случило во секунда“.

„Слушнавме бучава од судир, како автомобил да се судри со друг автомобил. „Го видовме возачот како оди да ја избоде жената и таа побегна, а возачот отиде и го избоде 60-годишниот маж со еден куп врисоци во позадина, додека не падна на земја“, вели тој.

Друг сведок изјави за Хаарец: „Видов како некој прободе тројца луѓе покрај трговскиот центар, украде автомобил и со него прегази луѓе“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести