Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОР ВО СЕУЛ: Возило влетало во луѓе на пазарот, најмалку 13 се повредени

ХОРОР ВО СЕУЛ: Возило влетало во луѓе на пазарот, најмалку 13 се повредени

Најмалку 13 лица се повредени денеска откако маж (70) удрил со своето возило во нив на пазар во Сеул, соопштија локалните власти.

Како што се наведува, четири лица се здобиле со тешки физички повреди, додека девет се полесно повредени, пренесува Јонхап.

Засега нема информации за смртни случаи, а властите ги истражуваат причините за инцидентот и ја проценуваат штетата.

Возачот не е тешко повреден, а полицијата утврдила дека во моментот на инцидентот не бил во алкохолизирана состојба.


Се уште не е познато дали се работи за несреќен случај или планиран напад, но очевидец за Јонхап изјавил дека слушнал дека возачот вози со полн гас.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести