Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хорор во САД, 120.000 потрошувачи без струја: Мал авион удри во далновод (ВИДЕО)

Хорор во САД, 120.000 потрошувачи без струја: Мал авион удри во далновод (ВИДЕО)

Мал приватен авион удри во високонапонски далноводи на околу 50 километри северно од Вашингтон во неделата, предизвикувајќи огромен прекин на електричната енергија во областа.

Спасувачките служби работеа во текот на ноќта за да се обидат да спасат две лица заробени во авионот, кој беше заплеткан во кабли, објави Ројтерс.


Падот на авионот на високонапонски далноводи предизвика прекин на електричната енергија за над 120.000 потрошувачи, се вели во соопштението на Пепко, комунално претпријатие од Вашингтон.

Според соопштението на Федералната управа за авијација (FAA), авионот Muni M20J летал од Вестчестер, Њујорк и требало да слета на Монтгомери Ерпарк, аеродром кој се наоѓа недалеку од местото на несреќата.


Авионот се урнал околу 17:30 часот по локално време во селото Монтгомери, Мериленд, во услови на магла и зголемена влажност на воздухот, соопшти Спасувачката служба на Мериленд.

Локалните патишта се затворени, а многу семафори во областа се исклучени.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести