Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОР ВО РУСИЈА! Најмалку 20 загинати, спасувачите ги пребаруваат урнатините! ВИДЕО

ХОРОР ВО РУСИЈА! Најмалку 20 загинати, спасувачите ги пребаруваат урнатините! ВИДЕО

Бројот на лицата кои загинаа во пожар во илегален дом за стари лица во рускиот град Кемерово, во регионот на Западен Сибир, се искачи на 20, соопшти денеска руската служба за итни случаи.

„На местото на пожарот спасувачите продолжуваат да работат и да ги пребаруваат урнатините во тешки услови, со ниска температура на воздухот. Според последните податоци загинале 20 лица“, извести итната помош, пренесува ТАС С.


По пожарот обвинителството покрена случај за убиство од небрежност, а гувернерот на Кузбас Сергеј Цивилев изјави дека по овој пожар ќе бидат проверени сите институции од овој тип, особено приватните.

Ќе ги провериме сите институции од ваков тип, пред се приватните. Проверките ќе завршат во рок од една недела“, напиша тој на својот Телеграм канал.

Пожарот избувнал во двокатна дрвена зграда од приватен дом за стари лица во Кемерово, а надлежните судски служби потврдиле дека се работи за дивоградба.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести