ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хорор во Русија: Автобус падна од карпа, најмалку 14 мртви

Хорор во Русија: Автобус падна од карпа, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа утрово, а дел од повредените патници се хоспитализирани кога автобус падна од карпа висока 25 метри во Јакутија на Далечниот Исток на Русија, соопшти прес-службата на Министерството за внатрешни работи на таа руска република.

Во соопштението се наведува дека возачот на автобусот, исто така загинал во несреќата, како и дека во возилото имало 36 лица, објави Интерфакс.

Според локалните медиуми, несреќата се случила на територијата на рудникот на Рударско-преработувачкиот комбинат Денисов (РПК). Според прелиминарните информации, 52-годишниот возач ја изгубил контролата врз возилото.


Во инцидентот во кој загинаа 14 лица, дури 20 патници се здобија со повреди со различна тежина, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за здравство. 

Вкупно десет лица беа хоспитализирани. Состојбата на двете жртви се смета за сериозна. Осум пациенти беа примени во болница со умерени повреди. Според Министерството, девет патници имаат разни модринки и гребнатини и ќе бидат лекувани амбулантски.

Фото: Принтскрин/Икс

ad
Слично

Поврзани вести