Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОР ВО РОМАНИЈА: Доктори обвинети дека ваделе пејсмејкери од починати лица и ги вградувале во пациенти

ХОРОР ВО РОМАНИЈА: Доктори обвинети дека ваделе пејсмејкери од починати лица и ги вградувале во пациенти

Во Романија е покрената истрага против пет лекари, од кои еден е приведен, поради сомнение дека продале стотици дефибрилатори и пејсмејкери извадени од починати пациенти, соопшти денеска романското обвинителство.

Еден од петте лекари, кои работеле во болницата во Јаши, е во притвор во очекување на истрага под обвинение за злоупотреба на службената положба и примање мито, соопшти обвинителството.

Генералното обвинителство на Романија објави дека наредило 24-часовен притвор на лекар од болницата Свети Спиридон во Јаши.

Истрагата на обвинителството покажува дека лекарот наводно вградил речиси 240 вакви апарати во текот на пет години, како и давал измислени дијагнози или намерно препишувал лекови кои предизвикуваат симптоми за да ги убеди пациентите дека им е потребна таква интервенција, пренесува романскиот портал диги24.

На лекарот му е одреден притвор до 24 часа и ќе биде изведен пред судот во Букурешт, со предлог за превентивен притвор од 30 дена.

Лекарот е обвинет дека намерно вградил повеќе од 238 уреди извадени од трупови или уреди со непознато потекло во Романија во периодот од 2017 до август 2022 година, непочитувајќи го ризикот од предизвикување сериозни здравствени проблеми или дури и смрт на пациентите.

Од доказите произлегува дека обвинетиот операционализирал мрежа составена од медицински персонал кој му давал пејсмејкери отстранети од починати пациенти, без да се придржуваат до законските одредби и без согласност, пред смртта, од засегнатите лица или роднини.

„Подоцна тој извршил медицински процедури за реимплантација на овие апарати без да ги регистрира кај управата на болницата и следствено, без да помине низ внатрешниот процедурален тек, без знаење на Министерството за здравство, потврдата за гаранција и завршени процедури за стерилизација“ тврдат обвинителите.

Докторот ги измислил дијагнозите, а се сомнева дека голем дел од интервенциите за поставување на некои имплантирачки кардио помагала, вклучително и оние извадени од починати пациенти, воопшто не биле потребни, туку се оперирани лица врз основа на фиктивни дијагнози или по користење на лекови кои ги предизвикуваат потребните симптоми, велат од обвинителството.

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Слично

Поврзани вести