Хорор во Палмира: ИД претресува домови и прави чистка
Џихадисти од Исламската држава претресуваат домови во сирискиот град Палмира откако во средата го заземаа истиот.
При претресот на куќите исламистите носат листа со имиња и се придружувани од информатори.
Чистки и претресување куќа по куќа се слични на оние извршените од ИД при заземањето на ирачкиот град Рамади. Борците на Исламската држава уапсија десетици осомничени по заземањето на Палмира.
Некои од откриените луѓе од листата на исламистите ги пукале во главата, раскажуваат активисти. Според нив најмалку 150 лица се убиени во градот во последните два дена.
Според заштитник на човековите права од Хомс Бебарс ат Талауи и според опозициска страница на "Фејсбук", сепак, убиените провладини борци и воени се најмалку 280.
По улиците на Палмира лежеле 150 трупа, вклучувајќи ги и телата на 25 членови на провладината милиција Народни комитети.
На звучници борците на ИД ги предупредувале жителите на градот да не ги бомбардираат и ги повикувале да известуваат за бегалците сириски војници меѓу нив.
Сирискиот центар за набљудување на човековите права посочи дека борци на ИД обезглавиле вчера 17 мажи во Палмира.
Организацијата Локални комитети за координација тврди дека џихадисти убиле од средата наваму десетици жители на градот.
Според директорот на седиштето за староста и музеите во Сирија Маамун Абдулкарим засега борци на ИД не биле забележани меѓу урнатините на античкиот археолошки локалитет Палмира, кој датира од пред 2000 години кој во минатото привлекувал илјадници туристи.
Арапската лига денеска изрази загриженост за Палмира и истакна дека заземањето од џихадистите е сериозна закана за еден од најважните објекти од светското наследство.
Вчера генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова изјави дека Палмира е исклучително светско наследство во пустината и секое рушење таму ќе биде не само воено злосторство, но и огромна загуба за човештвото. Бокова го повика повторно Советот за безбедност на ОН да се ангажира за случајот.
