ХОРОР ВО ПАКИСТАН: Ги запалил ќерките и внучињата затоа што едната од нив се омажила по своја волја
Пакистанец ги запалил ќерките и внучињата затоа што едната од нив се омажила против негова волја.
Тој е осомничен дека ја запалил куќата во која живееле неговите две ќерки и четири внуци, затоа што едната се омажила против негова волја. Полицијата го бара Манзур Хусеин затоа што наводно ја запалил куќата во пакистанскиот кварт Музафаргарг, каде живееле неговите две ќерки Фаузија Биби и Куршид Маи. Во пожарот изгореле двете ќерки, нивните четири деца и сопругот на Маи. Фаузија Биби пред 18 месеци се омажила за Мехуб Ахмад против волјата на нејзиниот татко. Во Пакистан договорените бракови се уште постојат, а секоја година како што забележува Комисијата за човекови права на Пакистан, роднини убиваат стотици жени бидејќи се омажиле по своја волја.
Фото: EPA-EFE/SOHAIL SHAHZAD
