Хорор во Лос Анџелес: Тројца убиени и 12 повредени при пукање во ресторан
Најмалку три лица се убиени и 12 се повредени во престрелка во јамајкански ресторан во Лос Анџелес, соопшти Си-Ен-Ен.
Пристигнатите полицајци на местото откриле чаури и крв низ целиот ресторан лоциран во северозападниот дел на Лос Анџелес. Двајца осомничени се распрашуваат.
Според прелиминарната истрага во ресторанот имало забава и се разгорел спор. Маж и жена го напуштиле местото, а потоа се вратиле и во ресторанот почнала престрелка.
Три лица загинале на самото место, а 12 биле одведени во болница.
На местото на злосторството е откриено едно огнено оружје.
Слично
